Search

ЕП со резолуција бара меѓународна истрага за изборите во Србија

Европскиот парламент побара независна меѓународна истрага за изборите во Србија што се одржаа на 17 декември, со посебен осврт на изборите во Белград, по примерот на „Извештајот Прибе“ за владеењето на правото во Северна Македонија, се наведува во предлог резолуцијата за српските избори, за кој се усогласија сите пратенички групи во ЕП, јави дописникот на МИА од Белград.

ЕП ја повика Европската комисија да покрене иницијатива за испраќање експертска мисија во Србија, во која би можеле да бидат вклучени експерти од ОБСЕ/ОДИХР, Венецијанската комисија и Советот на Европа, за да ја проценат ситуацијата со неодамнешните избори и пост- изборните случувања, со цел да се олеснат предусловите за воспоставување на потребниот дијалог, што би довело до враќање на довербата на јавноста и вербата во институциите.

Според неофицијалните информации на Демостат, одредени пратенички групи во ЕП се заложиле за уште поостар текст на предложената резолуција, што би значело целосно прекинување на преговорите за членство на Србија во ЕУ, доколку не се покрене меѓународна истрага.

Меѓутоа, како што дознава Демостат, Европската народна партија, чиј член е СНС, не се согласила со тој предлог.

Во предложената резолуција, ЕП ги повикува Комисијата и Советот да применат строги условувања и да го намалат или замрзнат финансирањето што се дава за српската Влада преку Инструментот за претпристапна помош III (ИПА III) и други финансиски инструменти, доколку српскатите власти не се подготвени да ги спроведат клучните препораки од изборите, или ако не се подготвени да започнат независна меѓународна истрага за изборни нерегуларности или ако наодите од оваа истрага покажуваат дека српските власти биле директно вмешани во изборна измама.

Во предложената резолуција се наведува дека ЕП го поддржува брзото распоредување на ад хок мисија за утврдување факти во Србија како дел од оваа меѓународна истрага, со учество на Европскиот парламент и се додава дека резултатите од оваа истрага треба да се известат до Европската Парламентот.

Како што е наведено, мисијата треба да ги процени и адресира систематските прашања за владеењето на правото во Србија, по примерот на „Извештајот Прибе“ за владеењето на правото во Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Исто така, Европскиот парламент изразува жалење за недостатокот на институционален одговор на сериозните сомнежи за вмешаност на актуелните власти во изборни манипулации и злоупотреби, со што, како што се наведува, се одржува неказнивоста и се обезбедува континуитет на овие практики.

Треба да знаете
Последни објави