„Грижете се за лицето додека сте во изолација“, Дадар од карантин со совети за дамите

Познатиот мејкап-артист Александар Дадар ни раскажа како ги поминува деновите во изолација. Вели дека прво бил во шок кога сватил дека треба да седи дома, но брзо се навикнал на новата ситуација.  „Па не беше лесно да се прифати, оти, како велат, работата го краси човекот, па така за мене ова ситуација е една некомфорна зона од која полека, но сигурно излегувам. Освен за одмор, кој на сите ни треба,  решив да ги извлечам само позитивните работи од оваа ситуација.  Па така повеќе сум фокусиран на тоа да сфатам што имам пропуштено како: работа на себе ,мојот дом, планови за блиска иднина ,грижа за себе бидејќи сметам дека многумина забораваме на себе во брзото секојдневие и така правиме големи грешки“, вели познатиот мејкап артис.

Тој вели дека ова се е едно големо ресетирање на човештвото и дека  целата планета се регенерира.  „Навистина ми е жал што мораше вакво нешто да се случи за да сфатиме кои сме, каде сме,каде одиме ,што правиме а што не правиме. Исто, лично јас ,периодов се грижам повеќе за моето лице. И еве една  препорака и идеја за сите:  Проучете каков тип на кожа имате и според тоа направете истражување кои се најдобрите производи за вашиот тип на лице и направете листа на бела и декоративна козметика која следно би ја пробале.  Грижата за својата кожа е многу важна а таа ке биде благодарна и ѓе ви измамува насмевка секогаш кога ѓе се погледнете во огледало. Посакувам што е можно побрзо сево ова да заврши за да можеме да се вратиме во нормала како подобри, посовесни , попрекрасни луѓе„, вели Дадар.

А. Георгиев 

Scroll to Top