Премиерлигата отвори истрага против Челси

Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Челси во јули со 8,6 милиони фунти поради кршење на финансискиот фер-плеј, а сега и Премиерлигата отвори истрага против гигантот од Лондон.

Премиерлигата истражува дали и какви прекршоци направил Челси под водство на поранешниот газда Роман Абрамович.

Рускиот милијардер го продаде клубот минатата година по политичкиот притисок, а новиот сопственик Тод Боели почна со реконструкција на екипата.

Челси соопшти дека претходно соработувал со УЕФА за време на истрагата и постигнал договор за да ги среди финансиите.