Вести Македонија

МВР поднесе пријава, Обвинителството отвори истрага против 10 лица за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по поднесена кривичната пријава од МВР отвори истрага против 10 лица за трговија со дрога. Вчера, во рамки на координирана полициска операција под кодно име „Чибук“, биле извршени претреси на повеќе локации во Струмица, Гевгелија, Демир Капија, Струга, КПУ Затвор Прилеп и неговата околина. Приведени биле осум лица и пронајдени 13 јутени бели вреќи со речиси 100 килограми марихуана.

Во периодот од октомври 2023 година до март 2024 година, осомничените набавувале и продавале поголема количина на марихуана што неовластено била набавувана од правни субјекти од Струмица и Демир Капија, од Албанија, како и од правен субјект со дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба од Струмица.

Обвинителството побарало притвор за осуммината осомничени. Останатите двајца осомничени издржуваат казна во затворот во Прилеп од каде го сториле кривичното дело што им се става на товар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе