спорт

Поведена истрага по нападот на фудбалскиот судија Мелер на средбата Анкараѓуџу - Ризеспор

- Анкараѓуџу и Ризеспор во натпревар од 15. коло на турската Супер лига во Анкара ремизираа 1:1, а претседателот на домашниот клуб Коџа, незадоволен од судењето на Мелер, по завршувањето на средбата физички го нападна главниот судија

Ahmet Sertan Usul  | 12.12.2023 - Обновена : 13.12.2023
Поведена истрага по нападот на фудбалскиот судија Мелер на средбата Анкараѓуџу - Ризеспор Фото: Емин Сансар / АА

АНКАРА (АА) - Претседателот на турскиот суперлигаш Анкараѓуџу, Фарук Коџа, со тупаница го удри фудбалскиот судија Халил Умут Мелер на теренот по последниот свиреж на натпреварот против Ризеспор, јавува Анадолу

Анкараѓуџу и Ризеспор во натпревар од 15. коло на турската Супер лига во Анкара ремизираа 1:1, а претседателот на домашниот клуб Коџа, незадоволен од судењето на Мелер, по завршувањето на средбата физички го нападна главниот судија.

Од добиениот удар судијата Мелер падна на земја.

Министерот за правда на Туркије, Јилмаз Тунч, изјави дека е поведена судска истрага против одговорните за нападот на судијата Халил Умут Мелер.

„Поведена е истрага против одговорните за нападот на судијата Мелер што се случи на крајот од средбата Анкараѓуџу - Чајкур Ризеспор“, објави министерот Тунџ на социјалните мрежи.

И министерот за млади и спорт на Туркије, Осман Ашкин Бак, го осуди нападот на судијата Мелер.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Туркије, Мехмет Бујукекси, најостро го осуди нападот на судијата и најави остри казни за виновниците.

„Ова е срамен удар за турскиот фудбал. Сите што се вмешани во овој инцидент ќе ја платат цената“, рече Бујукекси.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın