Австрија бара 1000 кувари, конобари, и собарки – плати до 1900 евра

Австриските хотели и ресторани секоја сезона бараат околу 30.000 работници, а добар дел од нив доаѓаат од странство. На пример, за време на зимската сезона во Салзбург, Тирол и Ворарлберг потребно е од 3000 до 3500 угостителски работници повеќе отколку во летните месеци, а тие работни места ги пополнуваат воглавно работници од страна.

professional-cook

На балканот нема слободен пристап за австралискиот пазар на работа, за вработување е потребно да се добие работна дозвола, но поради помал број на работници тоа не претставува претеран проблем.

Александра Бертелт од компанијата „Еuro Career“ која се занимава со посредување и вработување и добро познавање на австрискиот пазар, велат дека процедурите за добивање на работни дозволи не е компликувана.

-Работодавецот со лична карта, пасош, диплома и заверен превод од диплома од страна на судски преведувач, барање за работна дозвола на надлежен за завод за вработување. Куварите од Австрија исто така се барани, не само за време на зимските или летните сезони, туку за време на цела година, така да школуваните кувари многу едноставно добиваат работна дозвола од останатите угостителски работници. Процесот трае околу три недели, од моментот на предавање на барањето до извадањето на дозволата од страна на надлежното тело. Австралискиот завод за вработување проверува дали постои или во нивната база невработени австриски државјани кои би можеле да го пополнат работното место, а ако тоа не е случај, работната дозвола се одобрува, вели Бертелт.

Што се однесува до платите, тие варираат зависно од искуството, квалификациите и сатниците кои се одработуваат.

Платите од кувар често се движат од 1900 евра, а работниците можат да сметаат и на 13 и 14 плата, односно новогодишен додаток и надокнада за годишен одмор.

Платите се разбира зависат и од квалификациите, работниот стаж, позициите на кои работите… но може да се рече дека во сезоната куварите заработуваат меѓу 1450 и 1900 евра нето, келнери меѓу 1400 и 1750 евра нето, а собарките околу 1400 евра“, вели Бертелт.

Сместувањето и храната (доручекот, ручекот и вечерата) осигурувањето на работодавецот и за тоа работникот не сноси никакви трошоци.

Воглавно се работи за двокреветна соба, која се наоѓа во склоп на објектот во кој работите.

Ако тоа не е случај, тоа секако ќе биде сместувањето во непосредна близина, така да работникот до работното место има најмногу 5 до 10 минути одење.

-Ова важи за сезонските работници. Тие другите кои имаат постојана работа, иако и за нив работодавците имаат сместување, за него мораат да издвојат околу 134 евра месечно, во што е вклучена и соба, додека за храната не сносат никакви трошоци, вели Бертелт.

Истражување открива: Што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Здравиот начин на живот може да ги неутрализира негативните ефекти на гените кои го скратуваат животот за повеќе од 60 отсто, според анализата на наодите од неколку големи долгорочни студии, објавени во списанието „БМЈ џурналс“.

Одамна е познато дека и гените и начинот на живот влијаат на очекуваниот животен век. Сепак, до сега немало големи студии кои ги квантифицираат овие фактори. Според резултатите од новото големо истражување, и добрите гени и здравиот начин на живот заеднички го намалуваат ризикот од прерана смрт. Од друга страна, нездравиот начин на живот е поврзан со значително поголем ризик од прерана смрт, без оглед на генетските предиспозиции.

Категории по генетика

За потребите на новиот труд, научниците користеле податоци од проектот Биобанка на Велика Британија за 353.742 возрасни лица со европско потекло кои биле регрутирани помеѓу 2006 и 2010 година и биле следени до 2021 година.

Во студијата испитаниците биле класифицирани според генетската предиспозиција за времетраење на животот, т.н. полигенски ризичен резултат (ПРС), кој комбинира неколку генетски варијанти за да се дојде до севкупна генетска предиспозиција за подолг или пократок животен век.

Врз основа на податоците од студијата „ЛајфГен“, според полигенски ризичен резултат, учесниците биле класифицирани во три категории: долги (со најмала вредност на ризик), средни (со вредност од 2 до 4) и кратки (со највисока вредност).

Категории по начин на живот

Врз основа на американската студија „НХАНЕС“, на учесниците им биле доделени поени за здрави животни навики кои вклучуваат непушење, умерено консумирање алкохол, редовна физичка активност, здрава телесна тежина, соодветно времетраење на спиењето и здрава исхрана.

Врз основа на овие точки, животниот стил на учесниците беше категоризиран како поволен, среден и неповолен. За време на просечниот период на следење од речиси 13 години, умреле 24.239 учесници.

Оние кои биле генетски предиспонирани за краток животен век имале 21 отсто поголеми шанси за прерана смрт, односно пред 75-годишна возраст, отколку оние кои биле генетски предиспонирани за долг живот, без разлика на начинот на живот. Од друга страна, оние кои имале неповолен начин на живот имале 78 отсто поголеми шанси да умрат предвреме од оние со поволен начин на живот, без разлика на нивната генетска предиспозиција.

Луѓето со висок генетски ризик од скратен животен век, кои исто така имале неповолен начин на живот, имале дури двапати поголема веројатност да умрат предвреме од оние кои биле генетски предиспонирани за долг живот и имале поволен начин на живот.

Оптимална комбинација на здрав начин на живот

Резултатите од истражувањето сугерираат дека оптималната комбинација на начин на живот се состои од четири фактори: непушење, редовна физичка активност, доволно ноќен сон и здрава исхрана. Авторите истакнуваат дека студијата е набљудувачка и затоа не може да доведе до конечни заклучоци за причините и последиците.

Поволниот начин на живот го неутрализира генетскиот ризик

И покрај ова и некои други ограничувања, тие истакнуваат дека нивните наоди покажуваат дека генетскиот ризик од пократок животен век или прерана смрт може да се неутрализира со поволен начин на живот за околу 62 отсто. Кога ова ќе се претвори во години, следува дека луѓето со висок генетски ризик од скратен животен век на возраст од 40 години би можеле да го продолжат својот животен век за речиси 5,5 години со здрав начин на живот.

Во исто време, авторите предупредуваат дека животните навики обично се консолидираат пред средната возраст, што подразбира дека пред тоа треба да се преземат чекори за ублажување на негативната генетска предиспозиција за скратен живот.

„Оваа студија ја појаснува клучната улога на здравиот начин на живот во ублажувањето на влијанието на генетските фактори врз скратувањето на животниот век. Политиките за јавно здравје за подобрување на здравиот начин на живот би можеле да послужат како моќно дополнување на конвенционалната здравствена заштита и да го ублажат влијанието на генетските фактори врз човечкиот животен век“, заклучуваат авторите.

Доктор советува: Луѓето над 40. години ќе го обноват телото и мускулите ако консумираат ваква храна

Здравата исхрана е важна за управување со телесната тежина. Така, појадокот, кој често се нарекува најважниот оброк во денот, може да влијае на нашиот метаболизам и нивото на енергија. За оние над 40 години, вклучувањето на високо-протеинска и нискокалорична храна во утринската рутина може да биде особено корисно.

Протеините се клучни за градење мускули и губење маснотии бидејќи промовираат ситост, поддржуваат обнова на мускулите и помагаат во одржување на здрав метаболизам.

Докторката Рејчел Лоу, предлага три одлични опции за појадок за оние над 40 години, кои можат да придонесат за губење на тежината и обновување на мускулите.

1. Грчки јогурт

Грчкиот јогурт е моќен појадок кој нуди приближно десет грама висококвалитетни протеини на порција од 100 грама јогурт.

„Исто така е богат со калциум и пробиотици, кои се клучни за добро здравје на цревата“, објаснува Лоу за „SheFinds“. За да ги подобриме неговите придобивки, можеме да го мешаме со свежо овошје како што се бобинки, јаткасти плодови или семиња за да додадеме влакна и здрави масти.

2. Јајца

Јајцата се одличен извор на протеини, обезбедувајќи околу шест грама по јајце (големо).

„Јајцата се многу богати со витамини и минерали како што се витамините Б и холин, кои се неопходни за мускулната функција и метаболизмот“, вели Лоу. Без разлика дали ги сакаме изматени, пржени или варени, јајцата се фантастичен начин да го започнете денот.

3. Свежо сирење

Свежото сирење е уште еден млечен производ богат со протеини, кој содржи околу 11 грама протеини на 100 грама сирење. Има мал дел од масти и висок процент на казеин протеин, кој полека се вари, што нè држи сити подолго време.

Лоу предлага да се комбинира урда со овошје или тост од цело зрно за урамнотежен оброк.

Три симптоми кои укажуваат дека имате запушени артерии

Многумина имаат препреки во артериите уште во двесетите години. Причината е нездрав животен стил, пушење, масна храна, дебелина, недоволно движење...

Како резултат на тоа многу луѓе кои се соочуваат со овој здравствен проблем не се ни свесни што се случува, се додека не стане предоцна.

Ова се трите најчести симптоми кои ви ги покажува телото, а алудираат на запишени артерии со цел на време да ги испитате ризик факторите и да ја промените дневната рутина во корист на вашето здравје.

Непријатност во листовитем бутовите или колковите

Доколу чувствувате непријатност во текот на движењето во пределот на нозете тоа значи дека тие не добиваат доволно крв. Непријатноста во мускулите или грчевите се можни знаци.

Болка во градите

Намалувањето на протокот на крв во градите, стегање, тежина, притисок или чувство на пецкање во пределот на градите, исто така, може да бидат знаци за евентуално запишување на артериите. Овие нешта се јавуваат најчесто по физички или емоционален напор па така дел од лицата не ги приметуваат лесно овие симптоми. 

Губење на видот

Доколку ви се случи привремен прекин на видот или периодично губење на видот само на едното око треба да знаете дека нешто се случува со артериите.

Освен овие симптоми докторите предупредуваат да внимавате доколку страдате од замор, вртоглавица, студени раце или нозе, промена на бојата на кожата.

Популарно